Свет 24. февруари 2019. / 22:09

(ВИДЕО) Нови судири на границата меѓу Венецуела и Бразил

(ВИДЕО) Нови судири на границата меѓу Венецуела и Бразил

Нови судири избувнаа меѓу демонстрантите и припадниците на националната гарда на Венецуела на границата кон Бразил.

Десетици активисти од Венецуела , кои дојдоа во пограничниот град Пакарајма во Бразил и од таму со камења ги гаѓаа припадниците на Националната гарда, кои им одговорија со солзавец.

И на оваа граница , како и на границата со Колумбија има голем број камиони со хуманитарна помош , кои не можат да влезат во земјата , поради наредбата на Мадуро да се затоворат границите.

Претходно имаше жестоки судири на границата со Колумбија , каде загинаа најмалку четири лица , во обид да ги пуштат камионите , иако и оваа граница е целосно затворена од војската.