Новата година пристигна и во Нов Зеланд, каде што на полноќ се одржа спектакуларен огномет. Извиците и аплаузите на граѓаните се слушаа низ целата земја. Илјадници луѓе излегоа на улиците во Окланд, а многумина од нив не носеа маски. Нов Зеланд е земја која се избори со коронавирусот, па луѓето се многу порелаксирани и им е дозволено да се собираат.
Најимпресивниот дел од пречекот, како и досега, беше големиот огномет во Окланд.
Пред него, првите се радуваа жителите на островите Самоа и Кирибати. Овие две територии се најнапредните временски зони.