Њујоршката полиција растерала голема група на православни Евреи кои се собрале на погребот на еден рабин.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио ги отфрли обвинувањата на некои еврејски лидери дека се работи за дискриминација.
Де Бласио лично го надгледувал растерувањето на лицата кои се собрале во Вилијамсбург на погребот на еден рабинкој починал од коронавирус, а комесарот на градската полиција изјавил дека 12 лица добиле прекршочни пријави поради кршење на мерките за изолација.
Еврејската општина планирала да затвори ги улици со полиција за да ги набљудува мерките за социјална оддалеченост за време на погребот, и сите беа изненадени од бројот на луѓе што се појавиле, изјави за Ројтерс Мичел Силбер, извршен директор на Иницијативата за безбедност во заедницата.
Истакнати членови на еврејската заедница сметаат дека поединците треба да бидат одговорни за кршење на мерките, но дека коментарите на градоначалникот би можеле да го поттикнат антисемитизмот.
„Мојата порака до еврејската заедница и до сите заедници е едноставна: помина времето за предупредувања“, напиша Де Бласио на „Твитер“, каде што напиша дека тој лично наложил градската полиција да ги растера насобраните луѓе и „дека се работи на запирање на болеста и се спасуваат животи“.
A #funeral in #NewYork #Williamsburg last night where 100’s of #hasidic people turned up despite the warnings and social distancing rules. #NYPD made no #arrests. Of course it’s not ALL #Jews. It’s this sect who do this. #COVID19 #coronavirus #America pic.twitter.com/VF6AlXUJdd
— Diary Of An OTD Girl (@DiaryOtdGirl) April 29, 2020