Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални се наоѓа на одделение за интензивна нега во сибирската болница во Омск, во бесознание и на респиратор, откако, според неговата портпаролка, утринава бил отруен.
Навални (44), адвокат и антикорупциски активист и еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Владимир Путин, е во болницата во Омск, откако загуби свест на летот за Москва, пред кој се имал напиено само чај.
Авионот бил принуден да слета за Навални да биде однесен во болница.
Неговата портпаролка Кира Јармиш на Твитер напиша дека Навални е ставен во кома и е на респиратор, додека се вршат натамошни испитувања.
„Алексеј е отруен. Алексеј сега е на интензивна нега“, наведе Јармиш.
Таа за радио станицата Ехо на Москва рече оти е сигурна дека Навални е намерно отруен, додавајќи дека според лекарите отровот се апсорбира побрзо ако е во врела течност.
Тасс објави дека Навални е на одделението за токсикологија на одделот за интензивна нега на болницата во Омск.
This is video allegedly showing an unconscious @Navalny being removed from a plane during an emergency landing in Omsk, shared by the Mash Telegram channel. The Russian opposition leader is now in intensive care in serious condition, doctors say. pic.twitter.com/twUeeJ2ZtN
— Matthew Luxmoore (@mjluxmoore) August 20, 2020
-Неговата состојба е сериозна, изјави главниот лекар на болница та Александар Мураковски за Тасс.
Ројтерс го пренесе лекарот од болницата, Анатолиј Калиниченко, кој објасни дека не е сигурно дека Навални е отруен, како што сугерираат неговите соработници.
Јармиш кажа дека на Навални му се слошило откако на аеродромот испил црн чај и дека тој наутро не консумира ништо друго.
Калиниченко рече дека „природно труење“ е една од работните дијагнози што се земени во предвид.
Јармиш додаде дека на нивно барање полицијата била повикана во болницата.