Свет 20. декември 2020. / 22:18

(ВИДЕО) Нападната е амбасадата на Соединетите Американски Држави во Багдад

(ВИДЕО) Нападната е амбасадата на Соединетите Американски Држави во Багдад

Три ракети биле истрелани денеска кон американската амбасада во Багдад, соопштија ирачките власти.

Не е јасно дали има повредени, но беше потврдено дека е предизвикана материјална штета и уништени се неколку возила на паркингот во амбасадата, јави АП пренесувајќи изјава на службеник кој побарал анонимност.

Американската амбасада одговори со активирање на одбранбениот противракетен систем Ц-РАМ, поставен ова лето за да ги одбие се почестите обиди за ракета на американската дипломатска мисија во ирачката престолнина.

Нападот предизвика стравувања поради можни немири во пресрет на годишнината од атентатот врз генералот Касим Сулејмани, командант на иранската револуционерна гарда, кој беше ликвидиран по наредба на Вашингтон на 3 јануари годинава, недалеку од аеродромот во Багдад.

Од страв од одмазда пред првата годишнина од убиството на Сулејмани, САД наредија намалување на бројот на службеници во амбасадата во Багдад.

Фреквенцијата на ракетни напади против Соединетите држави по атентатот врз Сулејман предизвика загриженост кај администрацијата на Трамп и обвинувања против вооружени, проирански шиитски групи.

Вашингтон во септември предупреди дека ќе ја затвори својата амбасада во Багдад доколку ирачката влада не преземе решителни чекори за спречување ракетни и други напади од проирански формации врз американски цели и интереси во таа земја.