Откако беа објавени резултатите од претседателските избори на кои Александар Лукашенко го освои шестиот мандат, илјадници белоруски граѓани излегоа на улиците низ целата земја, а на социјалните мрежи кружат видеа кои наводно укажуваат дека изборите биле наместени.
Имено, Лукашенко освои убедливо мнозинство гласови од 80,23 проценти, а неговата противкандидатка Светлана Тихановскаја 9,9 проценти, поради што многумина тврдат дека биле лажирани гласовите. Наводно, бројните избирачки места биле затворени пред гласачите да пристигнат да гласаат, а во некои случаи гласачите успеале да ги дадат своите гласачки ливчиња уште пред да се отворат избирачките места.
Исто така, се појави видео од избирачкото место на кое се гледа како член на изборниот штаб се спушта од скала од прозорецот на вториот кат со торба за која се претпоставува дека веројатно дека содржи гласачки ливчиња.
Гласачко место 17 на Советскиот округ Минск. Поради некоја причина, членовите на комисијата се спуштаат по скали низ прозорецот од втор кат со пакети што содржат нешто што личи на кутии. Или документи. И сето тоа е под буден надзор на полицијата – се наведува во описот на видеото што се шири на Интернет.
Nexta: Участок №17 Советского района Минска (СШ №66). Члены комиссии зачем-то по лестнице вылазят из окна второго этажа с пакетами, в которых находится нечто похожее на коробки. Или на пачки бумаги. И всё это под чутким присмотром милиции pic.twitter.com/iX7sQUoixn
— Toтzе (@zagibaigvozdi) August 9, 2020