Свет 19. јануари 2021. / 10:04

(ВИДЕО) На ден пред инаугурацијата Вашингтон под опсада: Контролни пунктови, оклопни возила, над 20 илјади војници

(ВИДЕО) На ден пред инаугурацијата Вашингтон под опсада: Контролни пунктови, оклопни возила, над 20 илјади војници

Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател во Вашингтон утре  ќе биде ден каков што не се памети –  Бајден и Камала Харис ќе положат заклетва во град полн со армија.

По нападот на Конгресот, целиот Вашингтон е претворен во воена тврдинаНа жителите на Вашингтон им беше кажано да останат дома и виртуелно да ја следат инаугурацијата на 46-от претседател на САД за да не ризикуваат инфекција со коронавирус.

Повеќе од 20 000 припадници на Националната гарда, воени резервисти, го обиколуваат градот вооружени.

Беа поставени жичани огради и бетонски блокови за да се заштитат Белата куќа и Капитол. Пристапот кон градот е опасен и со бројни контролни пунктови, за што сведочат граѓаните во нивните видеа на социјалните мрежи. Тоа ги натера некои да го споредат Вашингтон со Кабул.

Во исто време, страниците за следење на воздушниот сообраќај над САД забележаа невиден број летови кон Вашингтон.