На интернет се појави страшна снимка снимена во запалениот авион, кој принудно слета на аеродромот Шереметјево во Москва.
Видео из салона самолета Москва-Мурманск, сгоревшего при посадке в Шереметьево.
Люди в панике, огонь охватывает почти все за бортом. pic.twitter.com/CAjKgT8cZQ
— Breaking Mash (@BreakingMash) May 5, 2019
Најмалку 13 луѓе загинаа, од кои две деца, а шест се повредени при принудното слетување на патничкиот авион сухој суперџет-100.
Од 78 патници и членови на екипажот на авионот SSJ-100 кој се запали на аеродромот во Москва, преживеаа само 37 патници, соопштија од истражниот комитет во Русија.
Пожарот е изгаснат, но засега се знае само дека пожарот започнал од задниот дел на авионот. Пилотите кои преживеаа, велат дека гром го погодил авионот по што се запалил моторот.
Во авионот се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот.
На снимките кои ги објавија дел од руските медиуми се гледа како авионот гори.