Свет 13. декември 2019. / 19:37

(ВИДЕО) Момче е брутално претепано во автобус поради политички слоган

(ВИДЕО) Момче е брутално претепано во автобус поради политички слоган

Тинејџер од Флорида беше брутално претепан во автобус од друга група на деца, затоа што на капата му пишувало „Да ја направиме Америка повторно голема“, односно популарниот слоган на американскиот претседател Доналд Трамп.

Инцидентот е снимен и беше објавен на социјалните мрежи. Родителите на момчето откриле дека момчето е хоспитализирано.

На кратката објавена видео снимка се гледа какко неколку момчиња му се приближуваат и брутално го удираат по главата и телото.

Инцидентот се случил во округот Хамилтон на Флорида, на крајот на месец ноември. Мајката видео снимката ја објави вчера откакко се посоветувала со нивните правни застапници, а тврди дека нејзиниот син бил нападнат поради натписот на капата кој што го промовира Трамп.