Свет 08. јуни 2019. / 17:08

(ВИДЕО) Младо момче ќе биде распнато на крст во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Младо момче ќе биде распнато на крст во Саудиска Арабија

Муртаз Кверирис имал само десет години кога во 2011 е снимен на велосипед со уште неколку деца. Изгледа како да се дружи со нив, но во Арапската пролет Муртаз наводно ги организирал другарчињата да учествуваат на протести.

Врз основа на тоа видео, Муртаз бил уапсен од саудиската полиција по три години кога имал само 13 и осуден како политички затвореник, најмлад на светот.

Денеска по речеси пет години минати во истражниот затвор, на 18 годишна возраст саудиските власти го предвидуваат за извршување смртна казна. Тој е осуден како да е припадник на екстремистичка организација.

Обвинителството бара извршување на најстрогата казна – момчето да биде распнато на крст или по егзекуцијата, телото да му биде распарчено. Освен за членување во екстремистичка организација, властите на Саудиска Арабија му додале и дека за време на протестите ги нападнал безбедносните сили, фрлал Молотови коктели, па дури и ги изработувал бомбите.

Муртаз ги негра овие обвиненија и наведува дека тоа што го признал подоцна, било под принуда. Тој во самица минал најмалку една година и три месеци.

Според активистите за човекови права, многу се мали шансите за спас на Муртаз. Во затвор е и еден од неговите постари браќа, како и татко му, само затоа што барале правда за Муртаз.

Со неговиот случај во 2016 се занимавала и работната група на Обединетите нации, од каде навеле дека малолетниот Муртаз бил подвргнат на мачење и дека со неговото апсење се кршат меѓународните закони.