Свет 21. јули 2019. / 14:05

(ВИДЕО) Мистериозна жена сведочеше против Ел Чапо, му била љубовница но и доушник на ФБИ

(ВИДЕО) Мистериозна жена сведочеше против Ел Чапо, му била љубовница но и доушник на ФБИ

На крајот од судскиот процес на Хоакин Гузман познат како Ел Чапо, најпознатиот нарко-бос на светот доби доживотна казна, се појавила и една жена.

За време на судењето се појавиле голем број луѓе од неговото минато кои сведочеле за неговите злосторства, како и картелот Синалоа. Платениот убиец опишал дека Гузмнан лично закопал живо човек и како други двајца живи запалил.

Братот на неговиот најблизок соработник раскажал дека рутински ја подмитувал полицијата, војската и скоро секој селужбеник во Мексико. Дури и една од неговите љубовници сведочела против него и се присетила како јавно ја присилил гола, со него пред мексиканските војници да избега низ тунел скриен под кадата во купатилото.

Во четвртокот се појавила и последната личност од минатото на Гузман, пишува Њујорк Тајмс. За неа обвинителите наведуваат дека била важна за неговиот пад, но досега не сведочела.

Јас сум Божјо чудо, затоа што Гузман се обиде да ме убие – рекла таа.

Андреа Велез имала неколку улоги во долгогодишното водење на картелот: била лична помошничка на Гузман, жртва при планирање убиства, таен доушник на ФБИ.

Таа на суд во Бруклин раскажала на кој начин злосторствата на Гузман имале последици по неа. Гузман го прогласиле за виновен за убиство на десетина луѓе, но таа е единствената која ги изнела сведочењата од позицијата жртва.

На судијата, кој Гузман го осудил на доживотен затвор, 15 минути му раскажувала низ солзи дека Гузман, откако нивната врска се изладила, платил милион долари на една група наречена „Ангели од пеколот“ за да ја ликвидираат. Велез инаку е една од најтаинствените појави на ова судење.

Претходно на суд како сведоци се појавиле своетникот на нарко-босот за висока технологија, неговиот главен добавувач од Колумбија и еден од неговите главни американски соработници. Велез на суд дошла во црно одело и врзана коса.

Ти простувам и се надевам дека и ти ми простуваше мене – рекла таа плечајќи.

Истакнала дека е подготвена јавно да истапи откако 7 години работела во тајност за владата, но дека во сенка ќе остане и после сведочењата.