Свет 30. ноември 2020. / 13:10

(ВИДЕО) Метеор го осветли небото над Јапонија, досега ништо не е пронајдено на тлото

(ВИДЕО) Метеор го осветли небото над Јапонија, досега ништо не е пронајдено на тлото

Силен блесок на метеор што паѓа го осветли небото над западна Јапонија, а таа сцена ја снимија телевизиските камери и корисниците на социјалните мрежи.

Метеорот силно согорувал додека во неделата брзо минувал низ атмосферата на Земјата, пренесува АП. Многу луѓе во западна Јапонија на социјалните мрежи објавија дека биле сведоци на оваа ретка глетка. Како што велат тие блесокот бил речиси ист како кога свети полна месечина.

Телевизијата НХК соопшти дека нејзините камери во неколку префектури снимиле огнена топка на небото. Од снимките од камерите во пристаништето Нагоја се гледа дека метеорот кој сјае како се приближува кон Земјата, пишува весникот „Асахи“.

Некои експерти велат дека е можно мали делови од метеорот кој согорува да паднале на тлото, но засега ништо не е пронајдено.

Во продолжение еве ја сцената што ја снимија телевизиските камери.