Свет 12. јануари 2019. / 17:13

(ВИДЕО) Мека „нападната“ од скакулци

(ВИДЕО) Мека „нападната“ од скакулци

Најсветото место во Исламот , Мека, е нападната од црни скакулци , а властите се борат да ги запрат инсектите.

Огромните роеви скакулци прв пат се појавија пред неколку дена , поради што властите во Саудиска Арабија ангажираа 22 тима со 138 луѓе за да ги уништат инсектите.

Тимовите се фокусираат на уништување на гнездата на скакулците во близина на вода и водоводни цевки.

Од катедрата за фитофармција на Универзитетот  ,,Крал Саид” велат дека е можно во наредните неколку дена да се појави уште поголем рој на црни скакулци.