Свет 18. декември 2020. / 11:11

(ВИДЕО) Медицинска сестра се онесвести откако прими вакцина на Фајзер против Ковид-19

(ВИДЕО) Медицинска сестра се онесвести откако прими вакцина на Фајзер против Ковид-19

Медицинска сестра од Тенеси се онесвестила на прес-конференција откако примила вакцина против коронавирус што ја разви компанијата „Фајзер“.

Тифани Довер зборуваше за медиумите за првата вакцинација на здравствените работници кои се во првите редови во борбата против Ковид-19, кога се онесвести, пренесува „Вашингтон тајмс“. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Таа ја прими вакцината на Фајзер против коронавирусот, а околу 17 минути подоцна почна да и се врти во главата, се извини на новинарите и падна пред лекарите зад неа да успеат да ја фатат.

Лекарите од Меморијалната болница рекоа дека оваа епизода на губење на свеста не е поврзана со вакцината на Фајзер.