Свет 12. јули 2019. / 20:53

(ВИДЕО) Маж и жена киднапирале девојче па ги пронашле мртви, девојчето уште го бараат

(ВИДЕО) Маж и жена киднапирале девојче па ги пронашле мртви, девојчето уште го бараат

Кинеската деветгодишничка Занг Зиксин последен пат била видена во неделата вечерта, кога била киднапирана, а кинеските служби ја бараат и по пештери и долж источното кинеско море.

Иако користат и беспилотни летала, уште немаат успех.

Инаку, безбедносните камери ја снимиле последен пат во дворот во друштво на две возрасни лица кои изнајмиле соба во куќата во која живеела, во округот Чунан.

Меѓутоа, таа е видена и 150 километри од домот, а за мистеријата да биде поголема, три часа подоцна истите луѓе биле снимени со камера, но без девојчето.

Потоа тие двајца, мажот и жената, извршиле самоубиство давејчи се во блиското езеро.

Таткото на девојчето, Занг Јун, рекол дека потстанарите ги измамиле неговите родители и ги наговориле, додека тој бил на работа, да им дозволат да го земат девојчето на една свадба каде би им помагала и би носела цвеќе.

Мажот бил идентифкуван како Лиан Денгхуа, а жената само со презиме Ксие.

Дедото на девојчето не им дал дозвола, но тие го сториле тоа.

Наредните три дена комуницирале со неа преку социјалните мрежи, а таа им велела да не се грижат. Меѓутоа, во неделата вечерта работите станале сомнителни кога Лианг одбил таткото на девојчето да дојде со автомобил по нив, но прифатил да им плати такси за да се вратат. Меѓутоа, тогаш го исклучил телефонот, а следното што таткото го дознал дека киднаперите се самоубиле.

Властите веднаш покренале потрага.

Меѓутоа, локалните медиуми успеале да дознаат дека Лианг имал проблеми со менталното здравје, а дека Ксие е во долгови.