Свет 22. март 2020. / 22:11

(ВИДЕО) Масовни погреби, полни крематориуми: Тешка седмица во Италија

(ВИДЕО) Масовни погреби, полни крематориуми: Тешка седмица во Италија

Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Италија досега надминува 5.400, а бројот на заразени 59.000 лица. Овие бројки веројатно ќе растат во наредните денови, предупредуваат експертите.

Италија веќе ги држи црните рекорди, претекнувајќи ја дури и Кина, каде започна пандемијата, а најтешка е ситуацијата на северот на земјата.

Најстрашните сцени од изминатата недела пристигнаа од градот Бергамо во провинцијата Ломбардија, каде е забележан најголем број жртви. Во тој град, крематориумите веќе немаат место да ги прифатат телата на нови жртви, поради што се упатуваат во соседните градови.

Италија во неделата регистрираше 651 починато лице, а во саботата дури 793, најмногу од секоја друга земја за еден ден.

Болничките капацитети се одамна исполнети, а сега местата истекуваат и во мртовечница.