Италијанските судии мака мачат како да осудат сериски разбојник, откако не може да утврдат кој го извршил грабежот од двајцата близнаци.
Пред неколку дена судот во Верона го ослободи Едвард Труши (34) од обвиненијата за извршени тешки кражби, бидејќи ниту со ДНК не можело да се докаже дали на местото на злосторството бил тој или неговиот брат Едмонд, идентичен близнак.
Неговиот адвокат, Фабио Порта вели дека ова не е прв пат. Судот неговиот клиент го ослободил и 2016 и 2017 година, зашто не можел со сигурност да идентификува кој стои зад кражбите.
Браќата Труши исто се облекуваат и имаат исти тетоважи , а за судиите е најтешко што имаат идентичен генетски профил, така што може да се идентификуваат само со отисоци на прсти, кои искусните разбојници не ги оставаат на местото на грабежите.
Тие се осомничени за стотина кражби на северот на Италија, но полицијата не може засега ништо да докаже.