Лекарите Ји Фан и Ху Вајфенг, двајцата на 42-годишна возраст, поминаа неколку недели на лекување во Централната болница Вухан, откако беа дијагностицирани како позитивни на Ковид-19 на 18 јануари.
Двајцата лекари се колеги на д-р Ли Венлианг, првиот кој предупреди на вирусот и кој почина на 7 февруари.
По неколку недели поминати во кома, Ји Фан и Ху Вајфенг се разбудија и сфатија дека кожата им се затемнила.
Неверојатно е ако ги споредите фотографиите пред и после лекувањето. Меѓу можните причини дадени за објаснување на овој феномен се смета лекот хлорохин, кој се користи за третман на пациентите заболени од коронавирусот, како и хормонална нерамнотежа како резултат на начинот на кој вирусот влијае на функциите на црниот дроб. Всушност штом функциите на црниот дроб ќе се вратат во нормална состојба, бојата на кожата на овие лекари ќе се врати во нормала.
Кардиологот Ји се разболел на 18 јануари и поминал 39 дена интубиран со респиратор кој го одржувал во живот и покрај неговата деликатна здравствена состојба.
Ху, специјалист уролог, бил болен 99 дена сè уште е слаб и закрепнува.
Хиперпигментацијата на кожата може да се објасни – најмалку од општа гледна точка – лекот хлорохин има и негативни ефекти вклучувајќи го и обојувањето на кожата (поради зголемување на таложењето на епидермалниот меланин и хемозидерин во дермисот) и што обично е реверзибилно со тек на времето кога остатоците од лекот во телото исчезнуваат. Од друга страна, еден од видливите ефекти што ги манифестира оштетувањето на црниот дроб или приврзаноста е жолтица или пожолтување на кожата и мукозните мембрани, како резултат на зголемување на билирубин што се акумулира во ткивата.