Прв пат во последните 50 години потполно е забранет ритуалот околу Каба каде моментално се врши дезинфекција и инсталирање на најсовремена опрема за дезинфекција на воздухот.
Саудиска Арабија во средата го забрани аџилакот во Мека поради страв од ширење на коронавирусот, а засега не се наведува колку долго ќе трае забраната.
Годишно милиони верници и туристи од целиот свет ја посетуваат Мека, а на Големиот аџилак во просек присуствуваат повеќе од 2 милиони верници во исто време.
Во Саудиска Арабија не се пријавени случаи на корона вирусот.
Најголем број заболени на Блискиот Исток има во Иран, а спорадично, вирусот е евидентиран во Ирак, Катар и некои други земји.