Дворецот Шури, на јапонскиот остров Окинава, кој служел како палата за Рјукју Кралството, речиси потполно изгоре во пожар кој е изгаснат.
Дворецот, изграден пред околу 500 години, бил најголем дворец на островот, а се наоѓа на листата Светско наследство на УНЕСКО.
Дворецот во градот Наха се протега на површина од 4800 метри квадратни. Официјалните лица се уште утврдуваат дали има загинати, а потврдија дека евакуирале повеќе од 30 лица кои живеат во близина на дворецот.
Причините за пожарот се утврдуваат.
Дворецот претрпел големо оштетување за време на Втората светска војна по што бил реставриран, а од 1992 година отворен е за посетители како национален парк.