Свет 11. март 2021. / 09:39

(ВИДЕО) Јапонија одбележува 10 години од цунамито и од катастрофата во нуклеарната централа Фукушима

(ВИДЕО) Јапонија одбележува 10 години од цунамито и од катастрофата во нуклеарната  централа Фукушима

Земјотрес со јачина од девет степени според Рихтеровата скала го потресе регионот на североистокот на Јапонија на денешен ден пред 10 години, а епицентарот беше градот Фукушима.

Тоа предизвика цунами, а поради нуклеарната централа во градот, не можеше да се избегне катастрофа.

Повеќе од 18.500 луѓе загинаа, а речиси половина милион луѓе во регионот беа раселени. Повеќе од 40.000 луѓе сè уште не можат да се вратат дома една деценија подоцна. Многу делови на Фукушима, каде што е уништената централа, сè уште се забранети заради радиоактивна контаминација.