Медиумите пренесуваат снимка од камиотнот полн со лешови кој е откриен во Англија. Ладилникот го уловила сигурносна камера во темна уличка во Есекс, неколку минути пред страшното откритие.
Мо Робинсон (25) е уапсениот возач на камионот со 39 тела, кој е откриен во Ангилја, а кој пристигнал од гратчето Портадаун во Северна Ирска, каде и живее, во пристаништето Пурфлит и доцна синоќа ја земал приколицата во која се откриени телата.
Неколку минути подоцна камионот е снимен во индустрискиот парк „Вотерглејд“ во Есекс каде е откриен ужасот.
Полицијата верува дека приколката патувала од Зебриш во Белгија до пристаништето Пурфлит. Тргнал во вторникот околу 16 и 30 часот за да во Англија би пристигнал половина час после полноќ по локално време.
Камионот и приколката во придружба на полицијата се префрлени заедно со телата на сигурна локација во Есекс. Идентитетот на жртвите се уште не е утврден.