Силвија Романо, Италијанката која беше киднапирана во Кенија пред 18 месеци, е ослободена и се врати врати во Италија, соопшти италијанската Влада.
Силвија Романо е ослободена. Им благодарам на мажите и жените од странската разузнавачка служба. Силвија, добродојде во Италија, напиша премиерот Џузепе Конте на својот профил на Твитер.
#SilviaRomanoLibera pic.twitter.com/A2RD9yiWdy
— Giuseppe Conte (@GiuseppeConteIT) May 10, 2020
Министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо изјави за државната телевизија дека Романо е пронајдена во Сомалија и ослободена благодарение на странската разузнавачка агенција. Тој додаде дека таа пристигнала во Рим со специјален лет.
Романо во ноември 2018 година беше киднапирана во северна Кенија од вооружени напаѓачи додека работеше за италијанска добротворна организација, наречена Африка Милела. Ниту една група не ја презеде одговорноста за киднапирањето.