Лидерот на т.н Исламска држава, Абу Бакар ал-Багдади, кој загина за време на воена операција на САД погребан е во море, а постапката била слична на онаа што се користела при положување на телото на основачот на Ал Каида, Осама бин Ладен.
Нема детали за тоа кој американски брод бил користен за погребот, ниту во кое море е спуштено телото. Спроед извори на американски официјални лица за новинаската агенција Ројтерс бил овозможен верски обред според исламски обичај.
Очигледно дека САД не сакаат гробот на ал-Багдади да стане светилиште за терористите, коментираат светските агенции.
Началникот на здружениот Штаб на американската армија, Марк Мли, денеска одби да каже дали телото на ал-Багдади е погребано во море. Тој рече дека положувањето на неговите посмртни останки, по дополнителни ДНК анализи е извршено на соодветен начин и на безбедна локација.
Во 2011 година, телото на Бин Ладен беше спуштено во Северното Арапско Море од американскиот носач на авиони Карл Винсон.