Учениците на истокот на Кина почнаа да носат капи со додатоци во вид на крила долги по околу еден метар за да одржуваат сигурна оддалеченост од другите во текот на пандемијата на корона вирусот.
На видеото снимено на 26 април во основното училиште во градот Хангжу, во провинцијата Жејианг, учениците на главите носат капи со хартиени додатоци долги по еден метар и маски за лице.
Според зборовите на директорот на училиштето, Хонг Фенк, наставниците барале од учениците да направат такви капи и да ги носат за да одржат неопходна оддалеченост едни од други откако училиштето повторно се отвори за настава.
Овие капи со две крила се слични на оние кои ги носеле владините службеници во текот на династијата Сунг. Легендата вели дека царот Таизу, основач на династијата, смислил план како во текот на утринските состаноци да ги спречи министрите да шепкаат нешто против него.
Челниците на училиштето одлучиле да ги поттикнат учениците да смислат сопствени капи во стилот на оние од династијата Сунг за да ги научат на важноста од социјалното дистанцирање.
Оригиналните капи некогаш биле изработувани од бамбус и метал, но учениците сега користеле секаков вид на материјали, вклучувајќи балони, картонски цевки и дрвени стапови.
Ова навистина беше наша иновација. Ние се залагаме учениците да носат капа од еден метар и да го одржуваат пропишаното растојание – рекол Хонг Фенг.