Свет 14. февруари 2019. / 10:56

(ВИДЕО) Хулигани со ножеви се пресметувале на сред улица

(ВИДЕО) Хулигани со ножеви се пресметувале на сред улица

Трагичен вовед има натпреварот помеѓу Лацио и Севилја што треба вечерва да се одигра во рамките на Лига Европа. Хулиганите на Лацио, синоќа во центарот на Рим со ножеви нападнале навивачи на Севилја.

Епилог на крвавиот инцидент се четворица повредени, а еден од навивачите на Севилја во критична состојба, бил хоспитализиран во болницата „Санто Спирито“.

Нападот се случил околу 21 30 часот, во округот Монти во центарот на Рим.