Свет 27. јануари 2021. / 11:29

(ВИДЕО) Холандија во пламен: Демолирани полициски возила и маркети, воведен полициски час за првпат по Втората светска војна

(ВИДЕО) Холандија во пламен: Демолирани полициски возила и маркети, воведен полициски час за првпат по Втората светска војна

Во Холандија четврта вечер по ред се протестира против мерките за карантин, додека излозите на некои продавници беа забарикадирани, а нивните вработени испратени дома порано од безбедносни причини.

Протестите продолжуваат по одлуката за воведување на построги карантински мерки, а во минатите денови демонстрантите се судрија со полицијата, демолираа јавен и приватен имот, како и неколку полициски возила, при што се уапсени над 500-на од нив.

Во Холандија во саботата стапи на сила полициски час, првпат по Втората светска војна, и покрај фактот дека бројот на новозаразени се намалува, откако Националниот институт за здравство соопшти дека новиот вид откриен во Велика Британија претставува третина од новите случаи.