Хеликоптер удри во покрив на зграда на Менхетн, во Њујорк, по што избувна пожар.
Во несреќата, која се случила во 14 часот по локално време, најмалку еден човек е загинат. Полицијата соопшти дека хеликоптерот се урнал на покривот, каде што, најверојатно, се обидувал да слета.
NYPD: “There was a helicopter hard landing on the roof of 787 7th Avenue in Midtown Manhattan. Fire has been extinguished. Please continue to avoid the area.” https://t.co/ldaz28ao0k
— Breaking911 (@Breaking911) June 10, 2019
По ударот, целата зграда била евакуирана.
Како што известува Еј-би-си, не се знае идентитетот на жртвата, но познато е дека била во хеликоптерот.
Настанот засега се води како несреќа и нема никакви индикации дека станува збор за терористички чин.
Полицијата ги повика жителите да ја избегнуваат областа каде што се случи несреќата. Истрагата е во тек, а голем број полицајци се на терен.