Свет 06. септември 2019. / 18:57

(ВИДЕО) Хаотична ситуацијата на Бахамите: Луѓето се пресметуваат со оружје за да дојдат до храна и вода

(ВИДЕО) Хаотична ситуацијата на Бахамите: Луѓето се пресметуваат со оружје за да дојдат до храна и вода

Катастрофалниот ураган „Доријан“, кој со 5. категорија ги погоди Бахамските острови, остави зад себе вистински хаос.

Властите информираа дека бројот на загинати може да достигне стотици , а можеби и илјадници , кои сега се водат за исчезнати.

Над 70.000 луѓе сè уште се изложени на животен ризик и имаат потреба од помош, а формирани се и специјални полициски сили за да се запрат масовните грабежи.

Ситуацијата е толку критична што има вести за пукање на жителите во очајна борба за храна и вода.

Засега, официјалниот број на загинати во ураганот Доријан е 30, но многу други ќе бидат најдени во следните неколку дена и веќе се нарачани стотици торби за трупови.

Бахамите испратија стотици полицајци и маринци на погодените острови, заедно со доктори, медицински сестри и други здравствени лица.

Напорите за меѓународна помош се засилени уште денес, при што сателитските снимки го откриваат степенот на штетата што го зафати инаку туристичкиот рај на земјата.

Властите сега работат на евакуација на жртвите во главниот град Насау, но нивните напори се забавуваат со поплавените писти на меѓународниот аеродром Гранд Бахама.

Покрај тоа, владините претставници рекоа дека гарантираат безбедност на секој што сака да сведочи за масовните грабежи за земјата и да помогне во идентификувањето на оние што влегуваа во продавниците за да крадат и ги полнат своите возила. Таквите ќе бидат казнувани без милост.

Министерот за безбедност вчера замина на островот Абако за да го врати редот во областа каде банди опустошуваат и ограбуваат се што ќе најдат.