Демонстрантите во Гватемала вчера ја запалија тамошната зграда на конгресот, по што полицијата ги растера, пренесува Би-Би-Си.
Нападот врз зградата на конгресот траеше околу десет минути, а во тоа време никој немало внатре. Пожарникарите го изгаснаа пожарот и неколку лица побараа лекарска помош поради вдишување на чад. Остатокот од протестот бил релативно мирен.
Демонстрантите протестираат против новиот буџет што го донесе Конгресот во средата вечерта.
Опозицијата смета дека новиот буџет им дава предност на големите инфраструктурни проекти што ги водат компаниите поврзани со владата, додека ги игнорира социјалните и економските последици од пандемијата на коронавирус.
Исто така, опозицијата смета дека образовниот и здравствениот дел од буџетот е премногу скратен. Опозицијата исто така тврди дека буџетот е донесен во време кога остатокот од земјата се справуваше со последиците и од разорните бури Ета и Јота.
Guatemalan protesters have started burning down their Congress. pic.twitter.com/OSJNTM6gdl
— Rose Movement ? (@Rosemvmt) November 21, 2020