Свет 10. септември 2020. / 15:48

(ВИДЕО) Хаос во авион бидејќи дете не носело маска – таткото тврди дека екипажот бил агресивен

(ВИДЕО) Хаос во авион бидејќи дете не носело маска – таткото тврди дека екипажот бил агресивен

Летот на канадската нискобуџетна авиокомпанија Вестџет од Калгари до Торонто е откажан, а полицијата е повикана на местото на настанот затоа што едно дете не носело заштитна маска.

-Сите патници мораа да се симнат од летот во вторникот, откако тој беше запрен, пренесува Би-Би-Си.

Таткото на детето, Сафран Чаудри, вели дека Вестјет ја замолил својата 19-месечна ќерка да носи маска, но дека бебето не престанува да плаче.

Од друга страна, компанијата наведува дека проблемот не се појавил заради бебето, кое е премало за да мора да носи маска, туку заради друго, тригодишно дете.

Чодри за Би-Би-Си изјави дека неговата постара ќерка, која има три години, имала ужинка пред полетувањето, кога им пришле стјуардесите, барајќи двете деца да носат маска.

Тој истакнал дека и тој и неговата сопруга носеле маски.

Тврди дека прашал дали неговата ќерка може да ја заврши закуската, но дека тие му рекле дека имаат „политика на нулта толеранција“ и дека нема да ја затворат вратата на авионот доколку таа не носи маска.

Чодри изјавил дека неговата тригодишна ќерка сепак ја ставила маската на крајот, но дека помладата била толку вознемирена што повратила.

Тој тврди дека екипажот на Вестјет се однесувал агресивно и дека им рекле дека бидејќи нивната најмала ќерка не носи маска, целото семејство мора да го напушти авионот.

Екипажот им рекол дека ако не го напуштат авионот, може да бидат уапсени, обвинети и да завршат во затвор.

Подоцна дознал дека, според канадската политика за транспорт, само деца постари од две години треба да носат маски, па неговата 19-месечна ќерка не морала да го прави тоа.