Свет 13. ноември 2018. / 12:57

(Видео) Хамас утрово го изврши најголемиот ракетен напад врз Израел од 2014 година

(Видео) Хамас утрово го изврши најголемиот ракетен напад врз Израел од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на Хамас и други цели во Појасот Газа.

Разгореното насилство, во кое загинаа петмина Палестинци и еден Израелец, се заканува да ги уништи заедничките напори на ОН, Египет и на Катар за постигнување мировен договор за Блискиот Исток.

Хамас, исламистичкото движење што управува со Газа и други вооружени фракции, преку границата лансирала над 400 ракети и минофрлачки гранати. Израелската војска објви видео на кое може да се види како проектили на Хамас завршуваат во станбени згради на израелска територија.

Ова се смета за одмазда за акцијата на израелските специјални сили во Газа, во која беше убиен еден од командантите на Хамас и шест други члена на движењето. Во таа операција загина и еден израелски војник.

Израел одговори со десетици воздушни напади врз разни цели вклучувајќи го и седиштето на разузнавачката служба на Хамас и телевизијата „Ал-Акса“, чии работници однапред добиле предупредување од израелската армија да се евакуираат.