Свет 21. ноември 2020. / 19:49

(ВИДЕО) Големи нереди во Бразил откако двајца обезбедувачи на објект убија црнец

(ВИДЕО) Големи нереди во Бразил откако двајца обезбедувачи на објект убија црнец

Дел од граѓаните на Бразил излегоа на протест откако двајца белци, членови на обезбедувањето на една продавница, убија црнец во четвртокот, пренесува Би Би Си.

Снимките од инцидентот ги преплавија социјалните мрежи.

На нив се гледа како 40-годишниот Жоао Алберт Силвеиру Фреитас добива удари по лицето пред продавницата Карфур во Порто Алегре. Според бразилските медиуми, конфликтот се случил откако Фреитас се скарал со продавач кој тогаш го повикал обезбедувањето.

Демонстрантите вчера влегоа во продавницата Карфур во Бразилија, извикувајќи „Црните животи се важни“ и повикаа на бојкот на тој трговски синџир.

На власт во Бразил моментално е Џаир Болсонаро, кој важи за голем поддржувач и пријател на американскиот претседател Доналд Трамп и според многумина овие протести се сценарио „исто како и она во Америка“ по смртта на Џорџ Флојд.