Свет 10. октомври 2019. / 18:22

(ВИДЕО) Голема експлозија на аеродром во Австрија

(ВИДЕО) Голема експлозија на аеродром во Австрија

Во експлозија на аеродромот во Линц потешко се повредени две лица, пренесува германската агенција ДПА. Полицијата соопштила дека инцидентот се случил во халата за складирање отпад, а причината е засега непозната.

Покрај двајца потешко повредени уште три лица се здобиле со лесни повреди. На местото на експлозијата се упатиле 13 пожарникарни возила.