Свет 01. октомври 2019. / 22:25

(ВИДЕО) Глушец падна од таванот во Белата куќа – новинарите го бркаа

(ВИДЕО) Глушец падна од таванот во Белата куќа – новинарите го бркаа

Новинарите кои дошле на брифинг во Белата куќа денеска се изненадиле кога глушец паднал од таванот и завршил во скутот на дописникот на Ен-би-си, Питер Александар.

Некои од новинарите поитале да го снимаат, а други пак да го фатат глодарот. Глушецот се пикнал под вратата и влегол во главната сала за прес-конференции, по што влегол и во салата за брифинзи по што му се губи трагата.

Социјалните медиуми се бомбардирани со слики од глувчето и ловот по него. Медиумите потсетуваат на поранешни изјави на високи функционери кои метафорично порачуваа дека дека „стаорци ја зазеле Белата куќа”, а претседателот Доналд Трамп бил уште попрецизен во 2017 година кога, наводно, истакнал дека Белата куќа е „вистинска депонија“.