Свет 31. октомври 2018. / 13:13

(Видео) Франција завеана во снег

(Видео) Франција завеана во снег

Нешто помалку од 40 000 домаќинства и натаму се без струја по обилните врнежи од снег и дожд кои погодија многу француски региони, изјави шефот на дистрибутивната мрежа „Енедис“.

Главните зони погодени од прекинот на електричната енергија се Оверњ и Рона-Алпи, наведува „Енедис“ во најновиот извештај.

„Осумдесет проценти од погодените домаќинствата повторно добија електрична енергија“, додаде шефот.

Вчера од „Енедис“ регистрирале околу 195 000 домаќинства без електрична енергија.

Овие бројки не ги земаат предвид домаќинствата од Корзика со чија мрежа управува ЕДФ (Electricite de France). На островот, 4 000 домаќинства останаа без електрична енергија во вторникот во текот на бурата Адријан.

Невремето што во неделата погоди неколку европски земји остави десетици илјади домаќинства на континентот без електрична енергија.