Повеќе од 20 лица се повредени при експлозија на гас во трговски центар во местото Плантејшн на југот од Флорида, соопштија властите.
Телевизијата „Еј-би-си“ наведе дека две лица се потешко повредени.
Епилог од експлозијата се скршени прозорци и остатоци расфрлани до 100 метри околу објектот, додека соседната зграда е целосно уништена.
Локалната полиција ги замоли граѓаните да го избегнуваат погоденото подрачје.