Свет 01. јуни 2020. / 16:46

(ВИДЕО) Џорџ Флојд „јадел ќотек“ и на задното седиште од полицискиот автомобил

(ВИДЕО) Џорџ Флојд „јадел ќотек“ и на задното седиште од полицискиот автомобил

На социјалните мрежи се појави нова снимка од надзорна камера, на која се гледа како полицијата во Минесота се однесувала со Афроамериканецот Џорџ Флојд пред тој да биде убиен.

На снимката се гледа дека дури и пред Флојд (46) да заврши со лицето на плочникот, неколку полицајци го удираат на задното седиште на полицискиот автомобил.

Снимката е објавена на инстаграм-профилот на писателот и познат активист Шон Кинг, кој е гласен поборник за социјална правда и еднаквост за сите на социјалните медиуми.

Се полека се спојува, само што го добив ова ново видео. Едниот чува стража, а другите го претепуваат – напиша Кинг на снимката која очигледно доаѓа од безбедносна камера во непосредна близина на местото каде што минатата недела почина Џорџ Флојд.