Сите летови на аеродромот во Лион беа привремено откажани додека на пистата и покрај неа беше во тек потера по маж кој со возило влетеал на истата.
Според извештајот на радио „Европа 1“, претходно беше објавено дека едно возило се движи со преголема брзина по автопатот што води кон аеродромот во францускиот град, пренесе „Спутник“.
Кога полицијата реагирала по пријавата во врска со автомобилот, возачот ја пробил оградата околу пистата на аеродромот и влетал на неа. Во тој момент започнала и потерата по него, најпрво со амбулантни возила, а потоа пристигнале и полицијата и специјалните единици.
Во еден момент, возачот истрчал од автомобилот и почнал да бега, но на крајот бил совладан.
Засега не е објавено дали има повредени во овој инцидент.