ФБИ вчера објави нови снимки од човекот кој поставува импровизирана експлозивна направа пред седиштето на републиканскиот и демократскиот национален одбор ноќта пред нападот на Капитол.
Маскирано лице со качулка на главата на 5 јануари подметнува две бомби во блзина на седиштата на Демократската и на републиканската партија, наведува ФБИ. На видеозаписот се гледа како во еден момент сопира за да ги избрише очилата.
ФБИ моли за помош доколку граѓаните имаат некаква помош за сторителот и нуди 100.000 долари.
Не е познато зошто бомбите не експлодирале
-Се надеваме дека денеска објавените информации ќе му помогнат неколму да го препознае осомничениот, рече Стивен Д`Антуоно, помошник директор на ФБИ, а пренесе Си-ен-ен.
Специјалните служби околу 13 часот на 6 јануари ги пронајдоа двете бомби, што се случи во време кога толпата поддржувачи на Трамп нагрнаа на Капитол.
Не е познато зошто бомбите не експлодирале. Едната теорија е дека часовниците на бомбите биле поставени на погрешно време, а другата дека дошло до проблеми со батериите.