Вооружени си стапови и гумени црева индиските полицајци почнаа да воведуваат ред и да ги запираат по улиците лицата, кои ја прекршуваат наредбата за останување дома. Премиерот Нарендра Моди нареди тринеделна изолација на сите жители за да се спречи ширењето на корона вирусот.
Полицијата во целата држава почна да ги блокира патиштата и да ги запира автомобилите, мотоциклите и велосипедите, пропуштајќи ги само оние кои имаат неодложна потреба или одат на работа. Истовремено се следи и почитувањето на забраната за излегување од дома.
Самоволното непочитување на забраната и излегувањето од дома значи и средба со полицијата, која со своите методи го извршува својот дел од обврските.