Свет 22. октомври 2020. / 15:52

(ВИДЕО) Евакуирана железничката станица во Лион по дојава за бомба

(ВИДЕО) Евакуирана железничката станица во Лион по дојава за бомба

Во тек е полициска акција на железничката станица Парт-Диеу во Лион, Франција, соопшти локалната полиција додавајќи дека едно лице е уапсено и дека станицата е евакуирана.

Полицијата додаде дека екипата за отстранување бомби била присутна во просториите, со проверки и воспоставен безбедносен кордон.