Свет 31. декември 2019. / 11:57

(ВИДЕО) Евакуирана Амбасадата на САД во Багдад откако демонстранти се обиделе да направат упад

(ВИДЕО) Евакуирана Амбасадата на САД во Багдад откако демонстранти се обиделе да направат упад

Aмбасадорот на САД во Багдад и дипломатскиот персонал амбасадата се евакуирани од дипломатското претставништво поради протестите што се одржуваат пред зградата, соопшти ирачкото Министерство за надворешни работи.

Илјадници Ирачани и припадници на армијата протестираат пред Амбасадата на САД во Багдад поради воздушните напади на американската армија во коишто загинаа 25 шиитски борци во Ирак.


Дел од демонстрантите фрлаа камења врз Амбасадата на САД,  други извикуваа „Не за Америка“ и „Трамп не“ и вееја знамиња на Хезболах.

Помеѓу демонстрантите има и лидери на одредени воени групи.