Свет 23. септември 2020. / 13:10

(ВИДЕО) Евакуирана Ајфеловата кула поради дојава за бомба

(ВИДЕО) Евакуирана Ајфеловата кула поради дојава за бомба

Ајфеловата кула во Париз беше евакуирана поради дојава за бомба. Полицијата ја опколи областа околу познатата кула, а полициските екипи за отстранување бомби ја пребаруваат областа.

Алармот се вклучи откако полицијата доби телефонска анонимна дојава за поставениот експлозив.

Сите околни патишта беа затворени, а на минувачите им беше кажано да ја заобиколат областа.