Свет 13. ноември 2020. / 23:13

(ВИДЕО) Ерменците ги палат своите домови во Нагорно-Карабах, не дозволуваат да паднат во раце на непријателот

(ВИДЕО) Ерменците ги палат своите домови во Нагорно-Карабах, не дозволуваат да паднат во раце на непријателот

Ерменците што живеат во градот Карвачар во Нагорно-Карабах почнаа да ги палат своите куќи по објавувањето дека некои територии во таа област му се предаваат на Азербејџан.

Жителите на Карвачар изнесуваат покуќнина, мебел и животни од своите куќи пред да го напуштат градот. На северниот пат на Нагорно-Карабах има многу автомобили, како и минибуси и камиони.

Сите светски медиуми известија за овие сцени, а кратки видео записи од истото објавија повеќе од медиумските куќи. Во прилог можете да го погледнете краткото видео на БиБиСи.

Лидерите на Русија, Азербејџан и на Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никола Пашинјан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на воените дејства во Нагорно-Карабах, потсетува порталот.

Според изјавата, дел од регионот е ставен под контрола на Азербејџан, двете страни ќе разменуваат заробеници, а руските мировници ќе бидат распоредени по должината на контактната линија и по должината на коридорот Лачин, што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија.

Исто така, се планира да се отвори коридор помеѓу Азербејџан и Автономната Република Нахичеван во Ерменија.

Лидер веќе го објави договорот и истиот може да го погледнете со клик тука.