Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска едногласно беше реизбран за лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП).
На 6-тиот редовен голем конгрес на партијата од вкупно регистрирани 1.457 делегати, поддршка на Ердоган му дале 1.381 делегат, додека еден глас бил неважечки. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска едногласно беше реизбран за лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП).
На 6-тиот редовен голем конгрес на партијата од вкупно регистрирани 1.457 делегати, поддршка на Ердоган му дале 1.381 делегат, додека еден глас бил неважечки.
За време на своето обраќање на конгресот Ердоган нагласи дека нема да им се предадат на оние кои се прикажувале како нивни стратешки партнери, а во секој чекор се обидувале, како што рече турскиот претседател да ги претворат во стратешка цел.
„Некои ни се закануваат со економија, санкции, со девизниот курс, девизите, каматите, инфлацијата. Ним им велиме: „Ја увидовме вашата игра и ве предизвикуваме“, нагласи Ердоган, осврнувајќи се на последните случувања поврзани со санкциите кон Турција од страна на САД.
„Знаеме дека ако постои верување, постои и можност. Нашиот народ со своето верување досега проби бројни предавства и замки“, истакна турскиот претседател и додаде дека тие не се поклонуваат и нема да се поклонат пред оние кои ја градат својата благосостојба, искористувајќи го светот.