Силна експлозија во воздухопловна база во општината Мезех, одекнала синиоќа во тоа западно предградие на Дамаск, објавија светските медиуми. Повикувајќи се на добро информиран воен извор, сириската агенција „Сана“ ги отфрли наводите дека експлозијата е резултат на израелски воздушен напад.
#BREAKING: explosion struck ammo depots in Al-Mazzeh airbase pic.twitter.com/K7HmBJcAan
— Majd Fahd ?? (@Syria_Protector) September 1, 2018
Изворот вели дека експлозијата што се случила околу полноќ била детонација на муниција од магацин во близина, во кој имало краток спој.
Телевизискиот канал „Ал Мајадин“ цитираше добро информирани извори тврдејќи дека Израел стои зад нападот. „Ал Џезира“ ги цитираше тврдењата на сириските провладини медиуми дека цел на израелскиот ракетен напад бил истражувачкиот центар во местото Џамраја и дека сириската воздушна одбрана успеала да собори неколку проектили.