Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени во денешниот пожар на железничката станица во египетската престолнина, Каиро.
Според очевидците, пожарот избувнал кога залетана локомотива се забила во челичната преграда на крајот од колосекот и експлодирала.
-Сите почнаа да трчаат, но многумина загинаа кога експлодираше локомотивата. Видов најмалку десетина мртви тела, изјавил едел од очевидците.
Причните за несреќата сè уште се во фаза на истрага, а на социјалните мрежи веќе се појавија првите видео материјало од пожарот.
#عاجل
بالصور..قتلى وجرحى في حريق هائل نشب بمحطة القطارات الرئيسية في القاهرة #مصر#القاهرة#محطة_القطارات#حريق pic.twitter.com/lPyKnjsP2d— جريدة كاظمة (@kathima) February 27, 2019