Свет 19. февруари 2020. / 22:47

(ВИДЕО) Две жени загинале кога нивниот автомобил паднал од траект во Мајами

(ВИДЕО) Две жени загинале кога нивниот автомобил паднал од траект во Мајами

Две жени загинале откако нивното возило паднало од траект што ги превезувал до островот Фишер, каде што се наоѓа ексклузивно одморалиште во близина на Мајами.

Локалната служба за спасување и американската крајбрежна стража добиле дојава од операторот на траектот кој ги известил дека возило паднало од бродот.

Нуркачите го пронашле возилото по неколку часа во близина на островот. Во автомобилот имало тела на две жени.

Полицијата и крајбрежната стража го испитуваат инцидентот.