Свет 28. ноември 2019. / 10:45

(ВИДЕО) Две големи експлозии се случија во Тексас

(ВИДЕО) Две големи експлозии се случија во Тексас

Поради две експлозии што се случија во хемиски објект во Тексас, ќе бидат евакуирани 60 000 луѓе. Првата се случила во средата наутро и предизвикала кршење на прозорци и врати во блиските домови. Повредени се тројца работници во фабриката.

Експлозијата се почувствувала во далечина од 48 километри, а небото било прекриено со густ токсичен чад.

Целата куќа се тресеше. Како да се случи помал земјотрес, рекла една жена.

Уште една силна експлозија се случила попладнето, принудувајќи ги официјалните лица да наредат евакуација.

Во текот на денот се случиле уште неколку други мали експлозии.

Благодарни сме што никој не загина, рекол судијата на округот, Џеферсон Џеф Браник.

Во моментот на експлозијата, во фабриката имало 27 работници.